Македонија

Удрил во пешак, а потоа и во ограда и куќа! – Две лица завршија со тешки повреди!

Удрил во пешак, а потоа и во ограда и куќа! – Две лица завршија со тешки повреди!

Вчера (10 септември) во 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „ЈНА“ во Гостивар патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(22) од гостиварски Балиндол, удрило во 18-годишниот пешак Х.Н. од Гостивар, а потоа во ограда и куќа на истата улица.

Во несреќата, пешакот и сопатникот во возилото В.Ќ.(28) од Гостивар се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни