Македонија

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
FR6X3P republic of Macedonia, Skopje, Walls of the City Fort Trvdina Kale

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (11.09.2023) со почеток во 18.00 часот, поради одржување на јавен собир пред Владата на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни