Македонија

Спасовски и Бесими даруваа крв – крводарителска акција во Амбасадата на САД во Скопје

Спасовски и Бесими даруваа крв – крводарителска акција во Амбасадата на САД во Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска даруваа крв.

На социјалните мрежи тие објавија и фотографии.

„На покана на амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, со задоволство учествував во крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од ужасните терористички напади на 11 септември. Крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. Дарувај крв – спаси живот!“, напиша Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни