Македонија

Македонската репрезентација во традиционално карате на Меѓународен куп во Грција

Македонската репрезентација во традиционално карате на Меѓународен куп во Грција

Македонската репрезентација во традиционално карате викендов учествува на ИТКФ Меѓународниот куп „Хидетака Нишијама 2023“ во грчкиот крајбрежен град Неа Мудања.

На „Хидетака Нишијама 2023“ ќе учествуваат 140 натпреварувачи од 12 земји, а во македонскиот состав се претставници во сите возрасни категории и натпреварувачки дисциплини.

Македонските каратисти ќе ги предводи седумкратниот европски првак Дејан Недев.

Натпреварувањата во Неа Мудања, како што е соопштено, ќе ги отвори градоначалникот Манолис Карас.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни