Македонија

Студенти од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово, еден однесен во болница

Студенти од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово, еден однесен во болница

Тетовската полиција информира дека приведени се странски државјани- студенти кои физички се пресметувале во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Пресметката била помеѓу двајца студенти од Таџикистан и двајца од Пакистан, а еден од нив завршил во болница.

-Денеска околу 11 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале, соопштија од МВР.

Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира СВР Тетово.

Тетовската полиција информира и дека сега се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации на СВР Тетово се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни