Македонија

Нови детали за убиството во Скопје, убиецот нанел 45 рани, па мајка му го запалила станот и телото!

Нови детали за убиството во Скопје, убиецот нанел 45 рани, па мајка му го запалила станот и телото!

Нови детали за убиството во скопската населба Хром од пред една недела. 59 годишната мајка на убиецот со литар и половина бензин го запалила станот со цел да сокрие докази.

Убиецот кој е во бегство по кратка расправија со 36 годишната жртва, му нанел 45 убодни рани во вратот и телото.

„По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата“, информираат од Обвинителстовто.

Убиецот е во бегство, а обвинителството по негово пронаоѓање бара лишување од слобода.

Неговата мајка е приведена и веќе во притвор, бидејќи постојат индиции за бегство, криење или уништување на трагите од делото или влијание врз сведоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни