Наука и технологија

Слуша, гледа, разговара: ChatGPT сега доби уште една одлична функција

Слуша, гледа, разговара: ChatGPT сега доби уште една одлична функција

Популарниот ChatGPT доби неколку важни подобрувања.

Компанијата OpenAI не забавува со развојот на ChatGPT. Само неколку дена откако четботот со вештачка интелигенција додаде поддршка за разговори со слики и прашања, ChatGPT може повторно да пребарува на интернет и да дава одговори во реално време.

„ChatGPT сега може да пребарува на интернет за да ви обезбеди тековни и веродостојни информации, заедно со директни врски до изворите. Веќе не е ограничен на податоци пред септември 2021 година“, се вели во објавата на „ОпенАИ“ на Твитер.

Она што тој пост не го споменува е дека ова е истата карактеристика што ChatGPT накратко ја имаше претходно оваа година, пред да биде повлечена во јули.

Како и досега, ChatGPT го користи Bing за пребарување на интернет, што не е изненадување со оглед на тоа колку тесно соработуваат Microsoft и OpenAI во последниве години.

OpenAI сугерира дека оваа функција најдобро се користи за „задачи кои бараат ажурирани информации“, како што се планирање на одмор или истражување.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни