Македонија

Изгубил контрола над возилото и удрил во ограда, а потоа избегал – сопатникот оставен со тешки повреди!

Изгубил контрола над возилото и удрил во ограда, а потоа избегал – сопатникот оставен со тешки повреди!

На 05.10.2023 во 22.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, И.К.(22) од село Баница, управувајќи патничко волзило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.

По несреќата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По преземени мерки, во 23.50 часот возачот бил пронајден и пренесен во Медицински центар Струмица, каде што, исто така, му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни