Македонија

Сончево и топло, температурите до 30 степени

Сончево и топло, температурите до 30 степени

Утрото свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.

Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 29 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни