Македонија

Ќе се санираат патеките на Матка

Ќе се санираат патеките на Матка

Град Скопје денеска започна со санација на патеките на Кањонот Матка, што претставува една од главните приоритети во програмата „За модерно Скопје“

Како што информираат од Град Скопје, првата санацијата ќе се одвива на Манастирот „Свети Андреа“ до Висок Рид, наспроти пештерата Врело, а втората од пештерата Врело до пештерата Убава. Со санациите се овозможува подобар пристап до природните убавини, како и поголема безбедност за сите посетители на Матка.

-По целата должина на патеките ќе се изврши санација на постојната заштитна ограда, ќе се постави сајла на карпите во тесно достапните делови, потоа целосно санирање на оштетените подни делови и уреди на вегетацијата, а на одредени локации ќе се изврши замена на оштетените бетонски блокови. Санацијата ја изведуваат јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, кои минатиот месец ја обновија урбаната опрема кај Црквата „Св. Андреја“ на Матка, се наведува во соопштението на Град Скопје

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни