Американската компанија SpaceX потпиша договор за лансирање на четири европски навигациски и комуникациски сателити во орбитата.
Последниот збор ќе го имаат Европската комисија и земјите-членки на Европската унија, кои мора да го одобрат овој договор, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
SpaceX и Европската вселенска агенција (ESA) неодамна потпишаа договор за две лансирања следната година, секој од нив ќе носи по два сателити Галилео, изјави Франциско-Хавиер Бенедикто Руиз, директор за навигација на ESA, за Wall Street Journal (WSJ) .
Сателитскиот навигациски систем Галилео обезбедува секојдневни услуги за речиси 1,3 милијарди корисници.