Македонија

Ги осудуваме нападите со лажни обвинувања од страна на владиниот советник Исмет Рамадани, Ковачевски итно да се извини

Ги осудуваме нападите со лажни обвинувања од страна на владиниот советник Исмет Рамадани, Ковачевски итно да се извини

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите со лажни обвинувања на владиниот советник Исмет Рамадани и обидите за загушување на слободата на говор изразени на емисијата „Само Вистина” на Канал 5.

„Владата и Ковачевски треба под итно да се извинат и оградат од ставовите на својот советник.

Во спротивно овој атак треба да се смета како смислено сценарио и позиции на владата. Не е прв пат првенци на владата да застапуваат ксенофобични ставови и да изразувааат непочит кон медиумите.

Секогаш кога немаат аргументи од власта одбрамбениот механизам се лажните обвинувања и лепењето на етикети дека некој прави атак врз Албанците.

Да не се заборави дека власта има селективен однос кон медиумите, делејќи етикети, премиерот и неговите луѓе да се конфронтираат со новинари и притоа да се не оградат од ваквите пистапки.

Власта во заминување губи контрола и тоне во сопствената неспособност.

ВМРО ДПМНЕ е на страната на слободата и независноста на медиумите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни