Денеска во Струмица имаше акција на пожарникарите каде интервенираа за отстранување на рој пчели.

Акцијата беше кај самиот влез во детската градинка која се наоѓа на ул.Жртви на Фашизмот, по претходна пријава од граѓани.
На терен излезе ТППЕ Струмица која ги собра пчелите и истите се вдомени во петорамен нуклеус и се однесени во приватен пчеларник.
