Македонија

НАМАЛУВАЊЕ: Нова цена на горивата од полноќ!

НАМАЛУВАЊЕ: Нова цена на горивата од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,86% во однос на одлуката од 30.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,515%, кај дизелот за 2,072%, кај екстра лесното масло за 1,535% и кај мазутот намалувањето е за 0,727%.

Од 7.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  81,00 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             83,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            80,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               80,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 46,001 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)  се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,290 ден/кг и сега ќе изнесува 46,001 ден/кг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни