Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 24 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 24 степени

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината, a преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

Во среда ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Температурата од среда осетно ќе се намали. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни