Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурите до 18 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурите до 18 степени

Претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни