Околу 50 луѓе загинаа во нападите на училиште во градот Газа , изјави директорот на болницата Ал-Шифа, Мохамед Абу Салмија, каде што беа пренесени жртвите, пренесе АФП.
„Тие беа извадени од внатрешноста на училиштето Ал-Бурак во населбата Ал-Наср во Газа по ракетните и артилериските напади што го гаѓаа училиштето утринава“, додаде Салмија.
Израел рече дека цивилите не се цел и дека се труди да не ги погоди. Тие додаваат дека борците на Хамас имаат скриени командни центри и тунели под Ал-Шифа и други болници. Тоа го демантираше терористичката организација.
„Додека светот гледа населби со училишта, болници, извиднички групи, игралишта и џамии, Хамас гледа можност за експлоатација“, соопшти израелската војска.
Вооруженото крило на Хамас во петокот соопшти дека сè уште истрелува ракети и проектили врз Израел и се бори против трупите во Газа.
Сирените се огласија во Тел Авив и околните области за да ги предупредат луѓето за ракетниот истрел на Хамас. Лекарите рекоа дека две жени во Тел Авив се здобиле со рани од шрапнел од волеј.