Свет

Доналд Трамп сака неговото судење да се емитува во живо

Доналд Трамп сака неговото судење да се емитува во живо

Доналд Трамп поднесе барање за пренос во живо од неговото судење пред федералниот суд во Вашингтон. Во овој случај, Трамп е обвинет дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, пренесува Ројтерс.

„ Оваа постапка треба да биде целосно телевизиска за американската јавност од прва рака да види дека овој случај не е ништо повеќе од измислена уставна шарада “, рекоа адвокатите на Трамп.

Тие додаваат дека обвинителите сакаат судењето да се одржи „во мрак“, што според нив е политички мотивиран напор на администрацијата на претседателот Џо Бајден да ја поткопа неговата кандидатура за реизбор следната година.

„ Секој човек во Америка, па дури и пошироко, треба да има можност од прва рака да го „проучи“ овој случај и да види како, доколку има судење, претседателот Трамп се ослободува од ова неосновано и политички мотивирано обвинение“, коментираат адвокатите на Трамп и додаваат дека Специјалниот обвинител Џек Смит ги крши уставно загарантираните права на поранешниот американски претседател .

Претходно американските медиуми објавија дека јавноста во САД треба да има можност да гледа како се развива „историскиот случај“ против поранешниот претседател на САД . Од друга страна, американското Министерство за правда се противи на телевизиско емитување на судење и вели дека правилата на федералниот суд забрануваат телевизиски судења и.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни