Владејачката коалиција во Германија одлучи да ја удвои воената помош на земјата за Украина за следната 2024 година, за да достигне 8 милијарди евра, објави Блумберг, пренесе Ројтерс. Блумберг, пак, цитираше неименувани извори со знаење.
Доколку оваа сума биде одобрена од парламентот, во кој владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц има мнозинство, тогаш трошоците за одбрана на Германија би ги надминале два отсто од бруто домашниот производ (БДП) што ги бара НАТО.
Пратениците на Социјалдемократската партија на Германија на канцеларот Шолц, Слободната демократска партија и Зелените постигнаа договор оваа недела за предложениот федерален буџет за 2024 година, објави Блумберг. Засега нема коментар на темата од Министерството за одбрана на Германија на чело со Борис Писториус, прецизира Ројтерс.