Во тешка состојба било примено бебето кое било родено во прилепската болница, велат од Детската клиника во Скопје. Државниот санитарен и здравствен инспекторат го истражува случајот.
Професор доктор Апазија Софијанова, за Утринска на Телма посочува дека кога бебе ќе се роди со жолта боја, се претпоставува дека е бебешка жолтица, па додава: „но кожата на бебето може да е жолта и од некој друг инфект, кој стои во позадина, затоа треба внимателно да се набљудува“.
Бебето кое почина може да добило сепса и од вагинална инфекција кај мајката, и поради тоа тој податок треба да се знае, и ако е така бебето се става на антибиотик во првите 48 часа, вели докторката.