Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска истакна дека досега се заменети над еден милион пасоши, 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи.
Како што вели, 80 проценти од граѓаните во внатрешноста на државата ги замениле личните документи.
Инаку, денеска се отвора и новиот пункт за вадење лични документи во полициската станица „Пролет“, каде предвидено е дневно да опслужува 1000 граѓани по принцип прв дојден, прв услужен.
Работно време ќе биде од 8 наутро до 18 часот