Македонија

ВИДЕО Во пламен две возила во Ново Лисиче

ВИДЕО Во пламен две возила во Ново Лисиче

Министерството за внатрешни работи извести дека утринава во 6.33 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачје на општина Аеродром настанал пожар во возило „пежо“, сопственост на Т. С. и патничко возило „санг јонг“, сопственост на К.Х.

Пожарот се случил на паркинг простор во скопската населба Ново Лисиче.

Причинaтa за пожарот засега е непознатa, а од полицијaта велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни