Македонија

Лога на средба со првата генерација на студентите на Правниот факултет

Лога на средба со првата генерација на студентите на Правниот факултет

Министерот за правда, Кренар Лога се сретна со првата генерација на студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза„- Скопје. Бруцоши полни со ентузијазам кои му даваат живот на надежта за иднината.

Во еден пријателски и колегијален разговор, кај младите колеги јасно се забележуваше нивната одлучност, не само за лична подготвеност, туку и за промени во системот и за придонес во општеството. Дискутираа за предизвиците со кои се соочува правосудниот систем во земјава, за аномалиите и за начинот за враќање на правдата во земјава.

Министерот Лога одблиску ги информираше за сите процеси што ги започнавме и слушна од нив совети и оценки кои не мотивираат уште посилно да продолжиме со нашите напори за владеење на правото и правната држава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни