Македонија

Облачно со врнежи од дожд, на планините снег – температурите до 13 степени

Облачно со врнежи од дожд, на планините снег – температурите до 13 степени

Облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен (над 70 km/h) северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во недела претпладне ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 km/h) и наместа ќе провејува слаб снег. Во понеделник утрото ќе биде ведро и многу студено, а нови врнежи се очекуваат во вторник. Температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни