Македонија

ВИДЕО 11-годишниот Лука Лазарески од Кичево е вистински виртуоз на пијано

ВИДЕО 11-годишниот Лука Лазарески од Кичево е вистински виртуоз на пијано

Иако условите за музичко образование во Кичево се лоши, сепак неговиот талент испливува на површина.

Лука Лазарески за жал нема можност да посетува нижо музичко училиште, бидејќи таква опција не е достапна во неговото Кичево. Но сепак тој наоѓа начини да го негува и надоградува својот талент, па така неговиот прв професор по пијано всушност бил професор по гитара, вториот професор по теорија на музика, а третиот човек од кого Лука учел пијано, бил професор по виолина.

Тој е млад талент кој веќе има што да покаже, а со оглед на тоа дека има само 11 години, допрва му следи светла иднина.

Сите љубители на добрата музика, на 22.13.2023 година ќе можат да уживаат во звуците произведени од вештите раце на Лука Лазаревски, на неговиот солистички концерт со мото „STARS WITHOUT A SKY“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни