Македонија

Се уште не е пронајдено исчезнатото 14-годишното девојче, полицијата е во потрага интензивно

Се уште не е пронајдено исчезнатото 14-годишното девојче, полицијата е во потрага интензивно

14-годишната В.Ѓ од Скопје се уште не е пронајдена, дури и по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување.

Министерството за внатрешни работи интензивно трага по исчезнатата 14-годишна В.Ѓ откако вчера во 08:35 часот нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во полиција.

Од МВР соопштија дека на терен се вклучени целосните капацитети на СВР Скопје.

„За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта“, се вели во соопштеието од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни