Македонија

ЗОО Скопје тагува: Во ист ден почина сакан и почитуван колега, но и неговата миленичка Флопи

ЗОО Скопје тагува: Во ист ден почина сакан и почитуван колега, но и неговата миленичка Флопи

Од Зоолошката градина Скопје преку соопштение информира дека вчерашниот ден бил најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО.

„Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот. Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје“, велат од таму.

Тие додаваат дека за трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе.

„Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе Ве молиме да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас. Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност“, велат од ЗОО Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни