Македонија

По три дена испрашување: Татјана Димитровска застанува на чело на ДКСК

По три дена испрашување: Татјана Димитровска застанува на чело на ДКСК

По три дена испрашувања, собраниската комисија избра 7 од 41 кандидат.

Како нов претседател на Антикорупциската комисија застанува Татјана Димитровска од Државниот завод за ревизија.

Димитровска има 19 години искуство во Државниот завод за ревизија, а последните две години му била помошник на главниот ревизор. Во потесната специјалност и е ревизија на политички партии.

Покрај неа, од Државниот завод за ревизија во Антикорупциска се селат уште двајца нејзини колеги ревизори, уште еден ревизор кој работел на ЕУ фондови, двајца вработени во Антикорупциска и една судијка.

Сега на потег е Собранието кое треба да ги официјализира мандатите на новиот состав на Антикорупциската комисија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни