Македонија

Ковачевски ќе го пречека потпретседателот на ЕK, Жозеп Борел во Владата

Ковачевски ќе го пречека потпретседателот на ЕK, Жозеп Борел во Владата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 29 ноември 2023 година (среда) во Владата на Република Северна Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел.

На билатералната средба ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија Борел, во 19:15 часот во Медија центарот на Владата ќе дадат изјави за медиумите. Новинарски прашања не се предвидени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни