Македонија

Утре ќе бидат испратени поканите за лидерска средба в понеделик!

Утре ќе бидат испратени поканите за лидерска средба в понеделик!

Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција најави дека утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

Средбата ќе биде закажана за понеделник, и на истата ќе се разговара за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Средбата ќе биде закажана за понеделник и на истата ќе разговараме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, ќе разговараме за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, информираше Ковачевски.

ФОТО: Архива

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни