Откако пристигнаа сите учесници поканети на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, беше направена првата фамилијарна фотографија со сите учесници.
Во центарот на фотографијата, се разбира, е претседавачот и домаќин на оваа средба, министерот за надворешни работи на земјава, Бујар Османи.
Сепак, на фотографијата не е и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој околу 22:30 часот треба да пристигне во Македонија.