Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13 до 15 часот, но не сите домаќинства ќе ја имаат оваа можност веднаш.
Според информациите од ЕВН, броилата треба да се сетираат, а тоа значи дека граѓаните треба да проверат дали било извршено сетирање и кај нив.
Имено, на екранот на броилата се појавува ознака Т1 за висока тарифа и Т2 за ниска тарифа, што значи дека корисниците можат да препознаат дали им е сетирано броилото доколку им се појави Т2 во наведениот временски период односно од 13 до 15 часот.