Македонија

ОДЗЕМЕНО И ВОЗИЛО: Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

ОДЗЕМЕНО И ВОЗИЛО: Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите истакна податоци за истрагата по исчезнатото 14-годишно девојче.

Тој вели дека пет лица се приведени доцна синоќа.

„Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возило со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај“, изјави Спасовски.

Вања исчезна во понеделникот, кога околу 7.30 часот излегла од својот дом во близина на Градскиот парк за да оди на училиште.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни