Македонија

Ременски: Секоја лична прозивка на Спасовски како министер за начинот на кој МВР првично известува за убиството е погрешен и манипулативен!

Ременски: Секоја лична прозивка на Спасовски како министер за начинот на кој МВР првично известува за убиството е погрешен и манипулативен!

Фросина Ременски попладнево на својот Фејсбук профил порача дека за убијци кои признале вина нема презумција на невиност.

Според неа, тие имаат име и презиме и најголем, непростлив грев!

„За овие убијци со иницијали кои признале вина нема презумција на невиност. Тие имаат име и презиме и Најголем, Непростлив Грев пред законот и пред Бога – УБИЈА ДЕТЕ“, вели Ременски

Сепак Ременски смета дека секоја лична прозивка на Оливер Спасовски како министер за начинот на кој МВР првично известува за убиството е погрешен и манипулативен

Според неа, и жртвата и семејството имаат права во вакви трагични настани – да дозволат или да не дозволат изнесување на детали.

„И жртвата и семејството имаат права во вакви трагични настани – да дозволат или да не дозволат изнесување на детали од страна на институциите за настанот што се вознемирувачки пред се’ за нив и за жртвата, па потоа за сите останати. Тоа е правило! Институциите за вакви настани секогаш ги соопштуаат првичните детали на начин кој е во тој дух и по тоа правило, а второстепено за она што е товар на сторителите – тоа е во надлежност на ОЈО. Секоја лична прозивка на Оливер Спасовски како министер за начинот на кој МВР првично известува за убиството е погрешен и манипулативен“, вели Ременски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни