Македонија

МВР: Нема докази за маж во Бугарија поврзан со убиство на девојка во РСМ

МВР: Нема докази за маж во Бугарија поврзан со убиство на девојка во РСМ

Во моментов нема докази дека мажот, кој наводно е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишно девојче во Република Северна Македонија, се наоѓа на бугарска територија.

Ова за БТА го соопштија од МВР. Нема докази дека е прогласен за меѓународен баран, прецизираа и од МВР.

Доцна синоќа три лица се приведени во Северна Македонија за убиството на девојката од Скопје и 74-годишен велешанец. Министерот за внатрешни работи на РСМ, Оливер Спасовски денеска изјави дека се трага по уште две лица, од кои едното има информации дека отишол прво во Белград, а потоа во Бугарија, потсетува БТА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни