Под силно полициско присуство и специјална единица вечерва по 20 часот во Кривичниот суд беа донесени четворицата осомничени за киднапирањето и убиството на 14 годишната тинејџерка Вања.
Со лисици на рацете, во посебна иста облека, дел од нив и шишани беа транспортирани од Шутка во Кривичниод суд каде треба да им се продолжи мерката притовр.
Погледнете како изгледаше спроведувањето од пракингот до влезот на Кривичниот суд.
Инаку вечерва Обвинителството објави дека уапсен е уште еден скопјанец кој му помагал на Палчо од Србија да замине за Турција. Осомничен е дека помагал на лице кое извршило кривично дело, за кое пак пропишана е доживотна казна затвор.