Македонија

Возило излетало од патот кај кичевско село, обдукцијата покажа дека возачот починал пред несреќата!

Возило излетало од патот кај кичевско село, обдукцијата покажа дека возачот починал пред несреќата!

На 05.12.2023 во 06.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот.

Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л.(49) од селото Лисичани, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни