Македонија

40-годишно лице почина откако сограѓанин пукал кон него при лов

40-годишно лице почина откако сограѓанин пукал кон него при лов

На 10.12.2023 во 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(56) од Кичево.

Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал.

Увид на местото извршија јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ФОТО: Илустрација

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни