Данијела .П. (18) од Бадовинац, која се здоби со тешки телесни повреди во несреќа во Богатиќ на 15 октомври, почина денеска во болница.
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 15 октомври годинава во Богатиќ загина Р.П. (48), а со тешки повреди се здобила неговата ќерка Д.П. (18) која утрово починала во болница во Шабац, пишува „Блиц“.
Тие се враќале од свадба на близок роднина во свечена сала во Богатиќ.
Радиша ја пуштил ќерката Данијела да вози иако не положила возачки испит. Тој пиел алкохол и мислел дека таа ќе може безбедно да ги врати дома.
Автомобилот од засега непознати причини излетал од патот, а потоа удрил во дрво и за малку се преполовил. Таткото загинал на лице место, а таа со повреди на главата и градниот кош во несвест е пренесена во болницата во Шабац.
Нејзината состојба се влошувала, па била пренесена во Клиничкиот центар во Белград, а подоцна префрлена во болницата во Шабац. Блиска пријателка на семејството рече дека цело време била во кома, а на моменти едвај ги отворала очите и испуштала солза.