Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
Свет

ВИДЕО Се појави нова снимка од нападот на судијата: Претседателот на клубот го удри, а потоа играчите го шутнаа

ВИДЕО Се појави нова снимка од нападот на судијата: Претседателот на клубот го удри, а потоа играчите го шутнаа

Моментот кога претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа истрча на теренот и го удри главниот судија на натпреварот, во понеделникот вечерта го обиколи светот и ги згрози сите!

На Коча нешто не му се допадна по мечот меѓу неговиот тим и Ризеспор, каде гостите во 97. минута стигнаа до 1:1, а веднаш по последниот судиски свиреж влета на теренот и го нападна Халил Мелер.

Веќе објавивме за срамните сцени во Турција, а во меѓувреме се појави и видео од друг агол на кое јасно може да се види како фудбалерите го шутнаа Мелер со нозе.

Несреќниот судија заврши во болница, додека официјалната истрага е отворена и нема сомнеж дека првиот човек на Анкарагучу го чека казна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни