Македонија

Претседателот Пендаровски на одбележување на еврејскиот празник Ханука

Претседателот Пендаровски на одбележување на еврејскиот празник Ханука

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер на покана на Еврејската заедница на Република Северна Македонија присуствуваше на одбележувањето на еврејскиот празник Ханука.

Во рамки на одбележувањето на празникот, претседателот Пендаровски присуствуваше на службата во синагогата „Бет Јаков“ која ја држеше хазанот од Нови Сад Владислав Траер и ја запали осмата свеќа на Ханукијата, како централен чин во одбележувањето на празникот.

Претседателот Пендаровски на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и претставниците на заедницата, им го честита празникот на светлината, посакувајќи им мир, радост и здравје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни