Македонија

Променливо облачно и студено, а преку ден сончево – температурите до 8 степени

Променливо облачно и студено, а преку ден сончево – температурите до 8 степени

Претпладне променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.

Во Скопје утрото променливо облачно, преку денот сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури а дневните ќе бидат во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни