„Докторката, која е на лице место во непристапниот терен не извести дека повреденото лице е безбедно евакуирано и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар за понатамошна постапка во Скопје“ – е денешната утринска порака од дежурниот тим на Единствениот број на итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи до директорот на ЦУК.
Спасителната акција за хеликоптерскиот транспорт на повредениот ловец од планината до болница е извршена.
Сите ангажирани од Системот за управување со кризи и ловците реагирале добро и според најдобрите можности што ги имале при итната ситуација на непристапниот терен.