Министерот за правда, Кренар Лога денеска рече дека нема нова информација околу процесот за екстрадација на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.
Според него, ако има нова информација таа ќе биде навремено споделена со јавноста.
„Досега немаме никаква информација дополнително да ја споделуваме со вас. Кажавме и минатиот пат на прес-конференција и со премиерот, кога и да имаме тоа ќе биде споделено со јавноста и со вас“, изјави Лога.