Македонија

Страшна несреќа на патот Неготино – Кавадарци, едно лице загина!

Попладнево на на патот Неготино – Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички моторни возила.

Во несреќата загинало едно лице, а друго е повредено. Две лица биле неповредени во третото возило.

Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката, а како што велат бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци.

„Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу што и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата“, додадоа од Обвинителството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни