Македонија

Вработени во Идризово се здобија со повреди откако интервенирале во тепачка меѓу затвореници

Вработени во Идризово се здобија со повреди откако интервенирале во тепачка меѓу затвореници

На 29.12.2023 во 12.13 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени две лица (вработени во КПУ Идризово) со повреди.

Имено, според пријавеното, по претходен нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу затвореници, при интервенција на затворските полицајци, тие биле физички нападнати од осуденикот Д.Н.(26).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни