Спектакуларно доаѓање на Дедо Мраз во Крива Паланка.
„Со спектакуларното пристигнување на Дедо Мраз ги израдувавме дечињата. Стотици детски насмевки блескаа во еден миг, а тоа е најголемо задоволство за нас што секојдневно работиме за таа искрена детска радост. Одлична атмосфера и денес во целиот град, низ плоштадот се слева река луѓе кои се забавуваат и уживаат во програмата на базарот. Крива Паланка е пример- општина за тоа како се креира културната понуда со која градот прераснува во посакувана и многу посетувана туристичка дестинација“, вели градоначалникот Сашко Митовски.