Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Трагедија утрово на патот Гостивар-Кичево. Две лица го загубија животот по тешка сообраќајна несреќа во непосредна близина на каменоломот.

Како дошло до несреќата и кои се причините, се уште не е јасно. Од МВР информираат дека учествувале две патнички моторни возила „Ауди“ и „Шкода“. Првото со странски регистарски ознаки, а второто со скопски.

Двете лица починале на лице место. Станува збор за Е.З 42 години од Кичево и Ш.Н 48 години од Камењане.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни