Македонија

ВИДЕО Спречен нелегален влез во Македонија на 11 мигранти во три камиони од Полска

ВИДЕО Спречен нелегален влез во Македонија на 11 мигранти во три камиони од Полска

Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела.

Два случаи се откриени од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата на Богородица на 4 јануари доцна вечерта и на 5 јануари во 4 часот наутро. И во двата случаи мигрантите се откриени во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни