Угинати свињи од африканска чума откриени во едно село се закопуваат во друго.
Жителите на кумановското село Речица реагираат на одлуката и не дозволуваат угинати свињи од африканска чума, да се закопуваат во близина на нивните живеалишта, a вчера се случил и инцидент во кој интервенирала полицијата.
Жителите велат дека нема да се откажат, бидејќи стравуваат за своето здравје. Локацијата која се наоѓа на само неколку километри и од центарот на градот, ја одредила општината.
Велат селото живее од земјоделство и сточарство, има над 500 одгледувалишта.
Инаку, според нив, угинатите свињи се од село Тромеѓа, кое се наоѓа сосема на другиот дел од градот.